Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсоски: Војната влезе во фаза на „стратешка ароганција“ без јасна цел

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Од очекувања за брза победа до сè поизвесен ризик од долготраен и нестабилен исход – војната меѓу САД, Израел и Иран отвора низа прашања за вистинските цели и последици од конфликтот.

Во вечерашната „Топ Тема“ дебатираат генерал-мајорот во пензија, Павле Арсоски и политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ за тоа кој ја плаќа цената на војната и какви сценарија се отвораат – од потенцијално „ослободување“ на Иран до создавање нова оска на отпорот и продлабочување на регионалните конфликти.

„Овој воен судир е сега во фаза на стратешка ароганција. Првично стратешка ароганција од страна на САД кои веруваат дека со воена надмоќ, особено во воздушниот простор, технолошката надмоќ и економските санкции ќе можат да ги постигнат своите цели, иако не сме сосема сигурни кои се тие цели. Стратешка ароганција е што мислеа дека војната може да се контролира и да се заврши кога тие ќе одлучат. Исто така, се потценија асиметричните алатки на Иран. Од друга страна, стратешка ароганција пројавува и Иран,“ изјави Павле Арсоски, генерал-мајор.

Наместо јасна стратегија, сè погласни се дилемите дали станува збор за обид за промена на режимот, ограничување на нуклеарната програма или пошироко геополитичко редефинирање на Блискиот Исток.

Т.Д.