Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Асанов пред судот одговара за грозоморно убиство извршено при родово базирано насилство

/

пред 220 дена

Сподели преку :

Почна судењето против 74-годишниот Денис Асанов од Штип кој е обвинет за грозморно убиство на 79-годишната Борјанка Николова.

Обвинетиот убиството го извршил лани, а кога судечкиот судија, Јулијана Недкова кога го праша обвинетиот Асанов дали се чувствува виновен за стореното дело што му се товари, Асанов не призна вина.

  • Апсолутно не. Апослутно не, милјарда посто, велеше тој пред судот.

Според обвинението Асанов е обвинет за убиство извршено при родово базирано насилство. Овој случај лани предизвика внимание во јавноста поради начинот на кој било извршено.

  • Токму такво групно прекршување на овие одредби и вршење на фемицид, односно убиство на жена, само затоа што е жена и вршење на родово базирано насилство, сторува обвинетиот Денис Асанов„ рече во своето излагање основната јавна обвинителка, Тања Кацарова, обвинител во ОЈО-Штип.

Во судот свој исказ даде и сестрата на убиената жена, која рече дека Борјанка живеела кај нејзе, бидејќи немала семејство.

Посочи дека речиси секој ден излегувала на прошетка, но секогаш се враќала за спиење.

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип

Последен пат кажа дека ја видела на крајот од септември. Според обвинението убиството се случило во периодот од 6 октомври до 10 ноември лани, во домот на обвинетиот, кој со тврд предмет и нанел повеќе удари  во пределот на градниот кош, крешејќи и осум ребра.

Потоа и ги пресекол екстремитетите и го обезглавил телото, по што кај жената настапила смрт. Полицијата трупот го има пронајдено во дворот на обвинетиот Асанов.

Викторија Јованова

Б.С.