Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атанасовски: Само Трамп и американската дипломатија го имаат клучот за крај на израелската агресија во Газа, ЕУ нема политичка моќ да издејствува итен прекин

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Клучот за прекин на израелската воена агресија во Појасот Газа го има американскиот претседател Доналд Трамп и американската надворешна дипломатија, нагласи Благоја Атанасовски, политички аналитичар, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Гледаме дека се буди моралниот или би рекол лицемерниот морален компас на самата Европска Унија, пред сè, на лидерите на највлијателните земји членки на Европската Унија, Франција или на поранешната влијателна голема држава на Европската Унија, Велика Британија или на Германија кои, ете од Генералното Собрание на Обединетите Нации бараат итен прекин. Но, бараат само декларативно, а немаат реална политичка моќ да издејствуваат итен прекин. Се гледа дека и самата Европска Унија исфрла еден вид на дипломатски ќор-фишеци кои апсолутно немаат никакво влијание врз тој толку баран прекин на израелската агресија во Појасот Газа“, рече Атанасовски.