Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атентаторот на Роберт Фицо во затвор 21 година – апелациониот суд на Словачка ја потврди пресудата

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Апелациониот суд на Словачка денеска ја потврди 21-годишната казна затвор за Јурај Цинтула кој се обиде да изврши атентат на словачкиот премиер Роберт Фицо. Пресудата на Апелациониот суд , со која е незначително корегирана правната квалификација што ја изрече првостепениот суд, стана правосилна, а Цинтула е прогласен за виновен за извршување на терористички напад.

Цинтула за време на судењето пред првостепениот суд тврдеше дека имал намера да го пореди Фицо, само да го спречи во натамоѓното извршување на функцијата премиер, но не сакал да го убие.

Цинтула го изврши нападот со оружје што легално го поседувал и испука пет куршуми во премиерот, нанесувајќи му неколку повреди.