Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авион на „Ер Индија“ приземјен во Хонгконг поради технички проблем

/

пред 489 дена

Сподели преку :

Патнички авион на индиската авиокомпанија „Ер Индија“,Боинг 787“, се вратил назад на аеродромот во Хонгконг откако екипажот пријавил сомнеж за технички проблем во текот на летот кон Њу Делхи.

Според информациите од Аеродромската управа на Хонгконг, летот побарал „локална приправност“ околу 13 часот по локално време и безбедно слетал на пистата. Од авиокомпанијата сè уште нема официјална изјава за причините за инцидентот.

Ниту еден од патниците или членовите на екипажот не е повреден, а евакуација не била потребна. Инцидентот се истражува, а авионот ќе остане приземјен додека не се направат целосни проверки.

Меѓувреме индиските власти соопштија дека пронајдени се двата снимачи на податоци од кои се очекуваат детали за трагичната несреќа во која загинаа 241 лице патници и членови на екипажот, а падот го преживеа само едно лице.