Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралиските тинејџери остануваат и без Јутјуб

/

пред 445 дена

Сподели преку :

Австралиските власти соопштија дека ќе го додадат Јутјуб на листата на забранети социјални мрежи за тинејџери, пренесува „Ројтерс“. Одлуката следува по истражувањето кое покажа дека 37 отсто од децата во Австралија на возраст меѓу 10 и 15 години пријавиле дека виделе штетни содржини на платформата.

Јутјуб досега не беше забранет за тинејџери во Австралија, за разлика од Инстаграм, Фејсбук, ТикТок и Снепчет. Претставници на споменатите компании за „Ројтерс“ тврдат дека не е фер да важи исклучок за Јутјуб.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека социјалните мрежи имаат одговорност и оти нема сомнеж дека австралиските деца се под лошо влијание од нив. Според законот за социјални медиуми, усвоен во Австралија во ноември лани, компаниите кои ќе ги прекршат правилата биможеле да се соочат со казна и до 49 милиони австралиски долари.

Јутјуб изрази поддршка за намерите на австралиската влада за намалување на штетните влијанија врз децата.