Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автоматска пушка и муниција пронајдена во возило на 30 годишен гостиварец

/

пред 695 дена

Сподели преку :

ОЈО покрена истрага против 30 годишен Гостиварец кај кого е пронајдено автоматско оружје и муниција кое го поседувал неовластено.

При обид да биде сопрен од страна на полициски службеници на 6ти ноември на магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар, кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ осомничениот се дал во бегство во правец кон Гостивар со своето возило марка „Мерцедес“. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка.

Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со куршуми.

Обвинителството против него поднесе кривична пријава, а со оглед дека осомничениот може да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.