Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азиските берзи во раст по договорот меѓу САД и Иран

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Азиските финансиски пазари забележаа силен раст откако беше објавено дека САД и Иран потпишале почетен договор за ставање крај на воениот конфликт.

Јапонскиот берзански индекс „Никеи 225“ скокна за повеќе од 1.400 поени и достигна рекордно високо ниво во текот на тргувањето утрово.

Позитивен тренд беше забележан и на јужнокорејскиот пазар, каде што индексот КОСПИ порасна втор ден по ред.

Аналитичарите оценуваат дека договорот ги намалил стравувањата од продолжена нестабилност на Блискиот Исток и од нови нарушувања во глобалната трговија.

Според економистите особено важно е што договорот предвидува повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Тој истакна дека намалувањето на притисокот врз цените на нафтата може позитивно да влијае глобалната инфлацијата, како и врз индустриите зависни од хемикалии, пластика и амбалажа за прехранбени производи.