Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азизи: Украина е легитимна цел за Иран заради помошта за САД и Израел во војната со беспилотни летала

/

пред 204 дена

Сподели преку :

Шефот на иранската комисија за национална безбедност, Ебрахим Азизи денеска изјави дека Украина е „легитимна и легална цел“ откако им понуди помош на САД и Израел во војната со беспилотни летала, објави Скај њуз.

Овој висок ирански функционер изјави дека Украина му помага на Израел со беспилотни летала и поради тоа, „целата територија на Украина, врз основа на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, е легитимна и легална цел на Иран“.

Оваа изјава на иранскиот функционер е во согласност со заканите на Техеран кон другите европски земји за кои Иран смета дека им помогнале на Америка или Израел, пренесе Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека им понудил поддршка на САД во водењето војна со беспилотни летала против Иран.