Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден пред импичмент – Претставничкиот дом на САД отвора истрага за отповикување на американскиот претседател

/

пред 1145 дена

Сподели преку :

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти соопшти оти поддржал отворање на формална истрага за отповикување на американскиот претседател, Џо Бајден.

Од него, исто така, се очекува дека на специјален состанок во четврток, на специјална конференција за истрагите на републиканците во Претставничкиот дом, да изјави дека отворање на истрага против Бајден е нареден логичен чекор, рекоа познати извори на „Си-Ен-Ен“.

Тој рече дека „републиканците во изминатите неколку месеци откриле сериозни и веродостојни обвинувања за однесувањето на Бајден“.

Републиканците, кои имаат тесна контрола на Претставничкиот дом, го обвинуваат Бајден дека профитирал, додека бил потпретседател во периодот од 2009 до 2017 година, од странски ангажман на неговиот син Хантер, но досега сè уште не изнеле докази.

Засега не се пронајдени конкретни докази за пропусти на Бајден.