Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Бајден пред ОН порача дека сега е време да се постигне примирје во Појасот Газа

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Првата група светски лидери добиja шанса да се обратат на Генералното собрание на Обединетите нации денес, а меѓу клучните теми се очекува да бидат и конфликтите во Украина, Газа и долж границата меѓу Израел и Либан.

Јане Бојаџиевски од Гласот на Америка од Вашингтон, се јави за Вестите на Телма ТВ.

Бајден претпладнево го донесе последното обраќање во ОН како претседател, веројатно, последен пат да се обрати на голем меѓународен форум. Додека се среќава, одделно со други лидери во Њујорк: главен предизвик е конфликтот во Блискиот Исток – но и како неговите постапки и лични политички одлуки, го обликуваа.

Бајден од говорницата на Ист ривер во Њујорк оцени дека „војната на Путин пропадна“, вети – ќе ја продолжи поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската инвазија. Се заложи дека ќе поддржува Киев додека не постигне „траен мир“. Осврнувајќи се кон Блискиот исток, Бајден порача дека сега е време да се постигне примирје, и прекин на огнот во Газа. Дипломатското решение останува единствена опција, порача претседателот.  Но, во Светската организација, позицијата на САД не е во согласност со остатокот од Генералното собрание на ОН, кое минатата седмица со големо мнозинство усвои резолуција која бара Израел да ја прекине окупација на палестинска територија во следните 12 месеци. САД беа меѓу 14-те гласови „против“, а аргументот е дека се противат на „еднострани мерки кои ја поткопуваат перспективата за решение со две држави“.

Овогодинешниот собир во ОН се одржува во мрачна глобална позадина. „Гледаме геополитички поделби и конфликти надвор од контрола – не само во Украина, Газа, туку и Судан.“, најави генералниот секретар Антонио Гутереш. Извесно е дека напредокот кон прекин на огнот во Газа е малку веројатен во ОН.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас сигурно ќе се фокусираат на војната за време на обраќањето в четврток. Во Њујорк, се очекува да пристигне и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој најверојатно ќе побара поголема воена поддршка и оружје со долг дострел на денешниот состанок на Советот за безбедност. Очекувано, рускиот претседател Владимир Путин отсуствува, но ќе се обрати шефот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Интересно е што, Весна, за време на генералната дебата на Генералното собрание во Њујорк учествуваат 76 шефови на држави; 4 потпретседатели; 2 престолонаследници; 54 шефови на дипломатии. Од сите, 194 говорници, годинава има само 19 жени. Една од нив, ќе биде и македонската претседателка Гордана Силјановска – Давкова, а според агендата ќе се обрати в четврток во претпладневната сесија на ОН.

https://youtu.be/I6jqM3t6Ooc