Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден во Омаха: Демократите испратија порака до Трамп

/

пред 341 дена

Сподели преку :

Поранешниот американски претседател Џо Бајден во Омаха зборуваше за најновите изборни успеси на Демократската партија, оценувајќи дека резултатите се „порака до Трамп и неговите поддржувачи“.

Тој додаде дека Американците „му порачаа на претседателот дека владата работи за народот, а не обратно“.

Настапот беше негово второ јавно појавување во последната недела, откако заврши со уште една зрачна терапија поради агресивен облик на рак на простата дијагностициран по напуштањето на функцијата.

Бајден им се заблагодари на лекарите и медицинскиот персонал, нагласувајќи дека „науката постигнува неверојатни успеси во истражувањето на ракот“.

Демократите оваа недела победија во повеќе изборни трки низ САД, меѓу кои и за градоначалник на Њујорк и гувернери на Њу Џерси и Вирџинија, додека во Калифорнија беше одобрен нов конгресен „мапинг“ што им дава предност на демократите пред наредните избори.