Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден: Задоволен сум од исходот на изборите, тоа го одразува квалитетот на кандидатите на партијата

/

пред 1421 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е „неверојатно задоволен“ од исходот на американските избори откако демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.

Говорејќи пред новинарите во Камбоџа во пресрет на самитот во Источна Азија, Бајден рече дека исходот од изборите го одразува квалитетот на кандидатите од неговата партија, откако предвиде дека сенаторката Кетрин Кортез Масто ќе победи на реизборот во Невада, каде што тесно го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт.

Победата на демократите во вториот круг од изборите во Џорџија следниот месец ќе и даде на партијата мнозинство во Сенатот во однос 51:49, додека загубата сепак ќе ги задржи демократите на чело на  Сенатот со 50:50, бидејќи демократската потпретседателка Камала Харис има одлучувачки глас во случај на изедначено гласање.

„Сега сме фокусирани на Џорџија. Задоволни сме. И не сум изненаден од исходот. Неверојатно сум задоволен. И мислам дека тоа е одраз на квалитетот на нашите кандидати“, рече Бајден.