Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајрами: „Јас не сум цел на нападот, мислам дека запалените возила немаат политичка позадина“

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Три автомобили и фотокопирница ноќеска изгореа во подметнати пожари во Куманово. Актуелен обвинител, офицер во АРМ и вработен во приватна компанија се сопственици на возилата кои пламнаа додека деловниот објект се води на татко на советник од ДУИ во локалниот совет.

Обвинителот Џељал Бајрами, кој имаше и неколку мандати во Владата, тврди дека не добивал никакви закани и е дециден дека не е мета на синоќешниот напад.

„Мислам дека не сум јас лично таргетот на овој настан од причини што синоќа во Куманово се случија три четири поврзани настани од кои што близу до моето живеалиште, на сосед му беше опожарено возилото а тој е припадник на АРМ, имаше и на советник на политичка партија но и на човек кој работи во приватен сектор. Не би дал политичка конотација на настаните кои се случија синоќа во Куманово. Претпоставувам дека се работи за некој криминалец или криминална група која се осмелила утрово да стори такво нешто. Очекувам во најскоро време да бидат откриени сторителот или сторителите на ова дело, да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна“, изјави Бајрами.

Фитор Јакупи, советник од ДУИ во советот на Општина Куманово, на социјалната мрежа „Фејсбук“, објави дека во подметнат пожар од непознати лица е уништен деловниот објект.

„На 02.12.2024 во 03.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово. Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“,  „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило  „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш изјавија од МВР

Според првичните инфромации сите четири пожари биле подметнати во речиси исто време. Полициски тимови извршија увид на четирите локации а од обвинителството соопштија дека се врши увид и во снимки од видео надзор.

Огнен Чанчаревиќ