Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Банкарите само го тапкале премиерот Мицкоски по рамо за унгарскиот кредит

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Премиерот Мицкоски бара од  банкарите да бидат општествено одговорни и да не им наплаќаат на компаниите дополнителни трошоци за кредитите од унгарските пари. Во недела ќе има нова средба на која планира на банкарите да им го каже сето ова. Но и други работи кои Мицкоски не сакаше да ги соопшти и да каже за што точно станува збор.

-Ние кога го земавме кредитот заедно со банките работевме на случајот да тие не бараат дополнителни трошоци бидејќи сите сте свесни и гледате како секоја недела некоја банка кажува профит во први девет месеци од  40 милиони евра, трета банка 50 милиони, четврта банка 65 милиона. Се множат милиониве и тоа е нешто кое ние мислевме сите заедничките да го споделиме како ризик,  бидејќи секогаш кога ќе ме прашаат како премиере  да помогнеме еве како еве начин. Вака се помага со муабети и тапкање по рамо не се помага, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

И додека Владата се обидува да ги ослободи фирмите од дополнителни трошоци, граѓаните велат дека иако тешко ги враќаат кредитите,  уредно си ги плаќаат сите давачки врзани за заемот и никој ништо не им простил.

Унгарските пари од 250 милиони евра, во вид на кредити ќе бидат пласирани во стопанството со каматна стапка од 3,25 отсто. Според, неофицијални информации банкарите побарале приближно исто да изнесуваат и банкарските трошоци. Пред неколку дена пак министерката за финансии Кочоска рече дека бидејќи ризикот го преземаат банките и во случај да се појави ризичен кредит инсистирале каматата да ја покрие државата и од Владата се согласиле. Уште еден проблем за кој се преговара е рокот на враќање на кредитот. Во банкарскиот сектор тој е од 7 до 10 години, а од Владата бараат да биде 15 со три години грејс период.

Во меѓувреме од бизнисот бараат итно да се вбризгаат свежи пари во стопанството затоа што се неопходни.

Ирена Чачкова