Вработените во „Паркови и зеленило“ и синдикатите денеска излегоа на протест пред Собрание за да си ја побараат септемвриската плата, но и регрес и додатоци за јубилеи.
Пред Собранието порачаа дека плата за работниците мора да има и повторно се пожалија дека побарале средба со директорот на претпријатието, но тој се оглушува на нивните барања.
Барање за средба упатуваат и до градоначалничката Арсовска и до управниот одбор.











