Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација, вели претседателот на комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзароски.
Во вечерашната Топ Тема тој зборува и за тоа каква е состојбата со дискриминацијата според последниот извештај за конкретни предмети, а одговара и за тоа кои институциии ги игнорираат нивните препораки.
Интервју со претседателот на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, гледајте го во Топ Тема во 19:15 часот. Со него разговара Елена Ивановска Мукоска.











