Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Беким Сали именуван за прв заменик-претседател на Владата

/

пред 291 дена

Сподели преку :

На седница на Владата, Беким Сали беше именуван за прв заменик-претседател на Владата. Сали истакна дека ова именување не е само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, со цел да биде во служба на секој граѓанин и да придонесе кон реализација на проекти од суштинско значење.

Во објавата на својот Фејсбук профил, Сали посочи дека Владата во изминатите речиси две години покажала конкретни резултати, како поддршка за вработување на младите, изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиска помош за општините и економски раст.

Тој додаде дека патот пред Владата е сè уште долг, но дека ќе продолжат да работат со посветеност и енергија за секое ветување пред граѓаните да се претвори во конкретни резултати.

-Со вера во Бога, во нашите луѓе и во иднината што заедно ја градиме, верувам дека нашата работа ќе биде успешна и ќе излеземе со чист образ пред граѓаните и историјата, истакна Сали.