Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши ги разрешува сите стечајни управници, за лиценца сите ќе треба да полагаат одново

/

пред 1352 дена

Сподели преку :

На предлог на Министерството за економија, Владата го усвои новиот Предлог закон за инсолвентност. Согласно Предлог законот сите стечајни управници ќе бидат принудени повторно да полагаат испит за да се стекнат со важечка лиценца за стечаен управник откако Законот ќе биде изгласан во Собранието и ќе стапи на сила. Предлог Законот предвидува и дека на сите стечајни управници кои што ќе навршат 64 години ќе им престане со важност лиценцата за стечаен управник.