Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши: Со укинувањето на балансерот се забранува изразувањето етничка припадност во државава

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Со укинувањето на „балансерот“ се забранува и изразувањето на етничакта припадност во нашата држава, инсистираше поранешниот министер за економија и функционер на ДУИ, Крешник Бектеши во вечерашното издание на Вин Вин на Телма, израмнувајќи ја одлуката за укинување на овој контроверзен механизам со ускратување на едно од основните човекови права.

Тоа беше направено намерно, како една од одлуките кои требаше да ги спроведе оваа нелегитимна влада по етнички клуч во делот на предизборието и тоа што им беше ветено на одредена група на граѓани во нашата држава. Што воедно не ја носи државата кон тоа што требаше да биде за исполнување на Охридскиот рамковен договор, рече Бектеши.

Бектеши ги отфрли тврдењата дека ваквиот механизам можеше да се протолкува како навредлив за етничките Албанци, дека не се способни и не ги поседуваат потребните квалитети да се вработи на било која позиција во јавната администрација и институциите.

И во постоечките закони, одредбите, подзаконските акти што произлегуваат во делот на постапката за вработување во делот на јавниот сектор има мерит систем и компетентноста на еден наш сограѓанин кој сака да се пријави се зема во предвид. Ние сега ќе оставиме простор, вакуум, една година да можат да се злоупотребат вработувањата од страна на Македонците кон Албанците и обратно. Зошто? Заради тоа што ако проверите по сите институции кои се раководени од Македонци, ако има еден Албанец вработен во нивните кабинети, дојдете да ми кажете и јас ќе ви се извинам, рече Бектеши.

Поранешниот министер инсистира дека секој ќе работел со своите луѓе и дека тогаш прв пат по 2002 година ќе имаме проблем кај етничката етничката застапеност во институциите. Негира дека овие тврдења произлегуваат од нивната пракса.

Ние имавме механизам кој се викаше „балансер“. И ние работевме согласно тој механизам и таа регулатива. Сега нема никаков механизам. Како ќе се чувствуваат моите сограѓани Македонци во Струга, Липково, Боговиње, Теарце кога нема да им биде загарантирано дека одреден процент нема да се вработат Македонци, смета Бектеши