Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бела куќа: Дипломатијата е прва опција за Трамп, но не се плаши да употреби воена сила против Иран

/

пред 272 дена

Сподели преку :

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит порача дека претседателот на САД, Доналд Трамп, „покажал дека не се плаши да користи воени опции“, кога тоа го смета за неопходно.

„Мислам дека една работа во која претседателот Трамп е исклучително добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте опции кои се на маса“, изјави Ливит за новинарите.

Таа во исто време додаде дека „дипломатијата е секогаш прва опција“ за Трамп.

„Претседателот синоќа на сите ви кажа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим во голема мера се разликува од пораките што администрацијата ги прима приватно“, рече Ливит.

„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога тоа го смета за потребно, а никој тоа не го знае подобро од Иран“, заклучи таа.