Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бензините поскапуваат за 5 денари, дизелот за 14,5 денари – нови цени на горивата од полноќ

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Драстично поскапување на горивата од ноќеска на полноќ. По пет денари се зголемуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 и ќе чинат 79,5 (стара цена 74,5 денари), односно 81,5 за литар (стара цена 76,5 денари) додека дизелот се зголемува за 14,5 денари и ќе се продава за 85,5 денари за литар (стара цена 71 денар).

За 12,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и литар од полноќ ќе чини 82,5 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот за 7,044 денари и килограм од полноќ ќе чини 42,586 денари.

С.Д.