Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Беса Адеми поканета од Судски совет по наводните за политички притисоци во судовите

/

пред 1066 дена

Сподели преку :

Судскиот совет в понеделник ја покани на средба претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми поради последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд врз вршењето на нивната функција.

Во поканата адресирана до Адеми се цитира и Законот за судовите.

„Согласно член 11 од Законот за судовите, судијата одлучува непристрасно со примена на Закон врз основа на слободна оценка на доказите и се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судија на вршењето на судиската функција по која била основа и од кој било субјект.“, се вели во поканата ан Судскиот совет до Адеми.

Од Судскиот совет додаваат дека средбата треба да се оствари без одлагање поради сензитивноста на прашањето.

Адеми во интервју за СДК изјави дека постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер на 25 октомври имаше средба со судиите од Врховниот суд. На средбата, како што соопштија од амбасадата, било истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека во носењето на судските одлуки не смее да се дозволи мешање на другите власти.

Марија Митевска