Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без големи очекувања нова средба Вучиќ – Курти во Брисел

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави се надеваат дека Србија и Косово ќе постигнат договор „во наредните денови со поддршка на специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ), соопштија од американскиот Стејт департмент.

Ваквиот став доаѓа непосредно пред денешната средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел.

Вучиќ пред да замине на средбата рече дека не е оптимист за дијалогот Белград – Приштина.

Србија бара формирање на заедница на српски општини на северот на Косово, што е обврска од бриселскиот договор, и укинување на одлуката на косовските власти, за замена на србските со косовски регистарски таблички.

Според него во моментов ситуацијата на северот на Косово е потешка, отколку во претходните десет години и додаде дека е подготвен да разговара за француско-германскиот предлог за нормализација на односите.

Тој предупреди дека ако се спроведе одлуката за промена на регистарските таблички, ќе биде пеколна ситуација.

И покрај повиците на европската унија и соединетите држави, косовскиот премиер Албин Курти инсистира да ја спроведе одлуката за пререгистрација на возилата.

Косовската полиција пак соопшти дека до денеска ќе трае предупредувањето на возачите со нелегални српски таблички, а од вторник ќе почне да изрекува казни.

ЕУ ја оцени сегашната ситуација како една од најсериозните во последните десет години, и како што соопшти официјален Брисел, на денешниот состанок ќе се обиде да најде европско решение  за проблемот меѓу двете страни.