Прашањето за исселувањето и враќањето на граѓаните повторно дојде во фокус. На форумот на повратници беа отворени теми за демографската обнова, улогата на дијаспората во економскиот развој и потребата од олеснување на административните процедури за оние што би инвестирале или се вратиле во земјава. Пораките се јасни – без луѓе и знаење, нема одржлив раст.











