Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бил приведен откако не ја испочитувал судската наредба да не и се приближува на сопругата од која се разведува

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Жител на неготинско село бил приведен, по пријава дека не почитувал судска наредба за приближување на сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 17:35 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 32 години од неготинско село, по претходна пријава од неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. На В.Ј. претходно му било издадено решение од Основен суд – Неготино, со забрана да ја вознемирува и да контактира со сопругата и забрана за приближување од 100 метри до домот, но, тој не го почитувал решението и се заканувал и физички ја нападнал, појаснуваат од СВР – Велес.

Известен бил јавен обвинител, додека од СВР – Велес потенцираат дека по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.