Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Биографијата на Нeнад Савески ќе патува до Собранието како предлог државен обвинител

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Судијата Ненад Савески го мина владиниот филтер и на чекор е до најмоќната обвинителска фотеља. Владата одлучи да го предложи до собранието за државен обвинител пред останатите три кандидатки, обвинителките Анита Тополова Исајловска, Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска кои, исто така, добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Савески суди во одделот за организиран криминал во кривичниот суд, а судиска тога ја носи од 2016 година. Претходно, седум години (од 2009 година) беше обвинител. Од предметите што ги следи јавноста, во моментот го води повтореното судење против екс владиниот ген-сек Драги Рашковски

Има завршено Академија за судии и обвинители, каде сега е и предавач. Бил анкжиран како меѓународен експерт и обучувач, учествувал во работни групи за закони.

На владината седница ги анализирале мислењата и биографиите и заклучиле дека Савески има богата кариера, долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и ќе придонесе кон зајакнување на институционалниот капацитет и зацврстување на довербата на јавноста.

Дали сите четворица кандидати биле на маса во владата или без Ристоска, откако премиерот во телевизиско интервју ја исклучи од трката, конкретен одговор не добивме.

Во декември лани Љупчо Коцевски си поднесе оставка на денот кога собранието закажа негово разрешување. До изборот на негов наследник в.д. обвинителка е Анита Тополова Исајловска.

Елена Ивановска Мукоска