Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битиќи: Власта застана против граѓаните, ги одби Законите за намалување на ДДВ на струја и храна

/

пред 605 дена

Сподели преку :

СДСМ ја обвини власта дека застана против граѓаните, со тоа што ги одби законите за намалување на данокот на додадена вредност на струја и храна, со кои опозициската партија предлагаше намалување на ддв-то за струјата од 18 на 5 насто, и укинување на ддв-то за основните прехранбени производи.

Наместо поддршка за граѓаните, гледаме политички калкулации, велат од СДСМ.

ВМРО – ДПМНЕ: По скратена постапка да се измени Законот за заштита на потрошувачите

Мнозинството во собранието ја изгласа потребата, по скратена постапка да се измени законот за заштита на потрошувачите, со што маркетите ќе имаат обврска јавно да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници на интернет, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Сметаат дека вака  на граѓаните ќе им се даде можност да ги споредат цените, и самите да одлучат каде ќе купуваат.

Ова нема да важи за микро-трговците и трговците поединци. Mалите, средните и големите трговци ќе мора да ги објавуваат цените за секој објект поединечно и на дневна основа.