Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бизнис Објектив: Македонија повеќе извезува компјутерски услуги од храна

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Македонија стана поголем извозник на компјутерски услуги отколку на храна, иако важи за земјоделска држава.

Лани вкупниот извоз на IT секторот се зголемил за седум отсто и изнесува 676 милиони евра, покажуваат податоците од народната банка.

Компјутерските услуги учествуваат со удел од скоро 90 отсто, или 600 милиони евра.

За споредба, извозот на храна и живи животни лани изнесува 564 милиони евра.

Традиционалните пазари на кои што се извезуваат IT услуги од земјава се Германија, Швајцарија, Обединетото кралство и САД. Освојувањето нови пазари е актуелниот фокус на Стопанската комора за информациски-комуникациски технологии, Масит.

Оттаму посочуваат дека иднината е во изработка наместо доработка на компјутерски решенија.

Сепак, клучен предизвик е недостигот на квалификуван кадар.

Вештачката интелигенција веќе го менува пазарот на труд во IT секторот, а според експертите, неопходна е постојана едукација,

но и реални очекувања за плати во оваа индустрија според знаењето и вештините што вработените ги поседуваат.

Според државниот завод за статистика, просечната нето плата за компјутерско програмирање и сродни дејности изнесува околу 1.700 евра.