Над 5.000 сезонски работници од Македонија веќе отишле во Хрватска. Летната сезона допрва почнува, а искуството од минатите години покажува дека оваа бројка може да се удвои.
Ако се земат предвид и останатите држави кои се поатрактивни за летна сезонска работа, тогаш бројките стануваат уште поалармантни.
Најголема побарувачка за сезонски работници во странство има во угостителските и услужните дејности, како и во градежништвото. А, колку сето тоа претставува проблем за домашните компании?
Гледајте вечерва во Бизнис објектив“.











