Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бизнисот бара да се престане со замрзнувањето на цените – согласни се дека треба да се помогне на граѓаните, но има и други механизми

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Претставниците од Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска реагираа на одлуките на Владата да интервенира во цените на производите со нивно замрзнување. Тие се согласни дека треба да им се помогне на граѓаните но дека државата мора да најде други механизми. Сметаат дека тоа може да се постигне преку намалување на царините и данокот на додадена вредност.

Одлуката на владата за замрзнување на цената на јајцата ќе ја почитуваме во целост бидејќи ние и така не планиравме поскапување.. За жал не можеме да размислуваме за корекција во надолна линија бидејќи и сега сме најевтини во регионот, а трошочите за производство на јајца се високи вели директорот на една од најголемите живинарски фарми, Везе Шари.