Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бизнисот во сенка поради политичките случувања

/

пред 1556 дена

Сподели преку :

Бизнисот запоставен поради политичките случувања во земјава. Стопанствениците револтирани поради ваквата состојба, велат дека половина компании одвај го преживуваат периодот. Затоа стопанската комора на својот 100-ти јубилеј побара итна средба со Владата и Регулаторната комисија за енергетика, на која би се барало решение за надминување на проблемите, кои се главно поврзани со високите трошоци за струја. Сметаат дека се потребни итни мерки, затоа што не веруваат дека ЕСМ има капацитет и кадар да ги испорача потребните количини електрична енергија, ниту пак да најде решение за проблемите со парното.

Бизнисот прстот го впери и во НБРМ. Сметаат дека фокусот на Централната банка е насочен кон задржување на стабилноста на курстот на денарот, без да се води сметка за бизнис секторот.

Стопанствениците сметаат дека државата веќе многу доцни со мерките за помош. Европските земји кои се многу по развиени, веќе одамна го сториле тоа. Генералната оценка за изминатите 30 години на првиот човек на Стопанската комора е дека за овој период за економијата е многу малку направено. Задолжувањето на државата расте, а промени нема. Алармираат економијата да се стави во преден план, затоа што без тоа тешко може да опстои една држава.

Ирена Чачкова