Американската воена помош веќе е на пат кон Украина, и таа ќе направи вистина разлика на фронтот, му порача американскиот државен секретар Ентони Блинкен на украинскиот претседател. Блинкен денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, патувајќи со воз од Полска.
По шест месеци политички превирања во американскиот Конгрес минатиот месец беше одобрен најновиот пакет воена помош за Украина, период кој руската армија го искористи да тргне во офанзива во Донбас, но и повторно да го отвори фронтот во Харков.
Офанзивата во Харков, воените аналитичари ја оценуваат како еден од најзначајните руски копнени напади од почетокот на војната, затоа што развлечената и без муниција украинска армија без помош од западот има мали шанси да ја запре.
Украински воени извори за западните медиуми изјавија дека војниците, без соодветна муниција, биле приморани да се повлекуваат пред Русите без да пружаат сериозен отпор. Тие, исто како и врховната команда и украинскиот народ ги отфрлаат сомнежите на западот дека по повеќе од две години војна земјата е преморена.
Во пакетот воена помош, кој минатиот месец беше одобрен од Конгресот, се наоѓаат ракети за противвоздушни системи, и Стингери, кои изминатите две години се покажаа како исклучително ефикасни против руските оклопни возила.
Освен тоа, кон Украина патува и муниција за ракетните системи со среден и голем дострел, Химарс и АТАКМС, како и основната муниција на украинскиот фронт, гранати од 155 милиметри калибар.
Игор Трајков











