Опозицијата го засилува барањето предвремени избори. Во наредните месеци, главна алатка ќе биде блокадата на Собранието. Власта со разумни методи ќе се спротивстави на вештачките кризи.
Според спикерот Талат Џафери, секоја партија треба е одговорна за своето однесување и треба да работи за доброто на граѓаните. Во случај на филибастеринг и бесконечни дебати, тој има намера да да го почитува Деловникот.
Јас ќе работам според Деловникот. Нема војна да правиме, ќе видиме како ќе постапува опозицијата. Но, сите институции треба да размислуваат за последиците, бидејќи ова може да биде блокада не само на Собранието, туку на целата држава, изјави првиот парламентарец Џафри.
Христијан Мицкоски најавува активна блокада која ќе трае со месеци, `се додека власта, што ја смета за расипничка и недомаќинска, не почне разговори со опозицијата на тема: избори.
Опозициските БЕСА и Алијанса за Албанците се согласуваат да користат различни механизми за да се предизвикаат избори.
Ние сме барале и продолжуваме да бараме предвремени избори – не само затоа што сме опозиција, туку затоа што сме убедени дека оваа власт не е способна да се справува со проблемите на граѓаните, вели Илире Даути, Алијанса за Албанците
„Мицкоски не е заинтересиран за проблемите на граѓаните. Тој мисли само на својата фотеља и на политичката агенда“, велат од СДСМ, додека ДУИ бара почитување на Уставот.
Власта потсетува дека во Собранието веќе има блокада и не можат да се донесат десетици важни закони, меѓу кои – за Клинички центар, за наставници, за служба во Армијата и други. ВМРО ДПМНЕ потенцира дека мора да има консултации за сите важни прашања со најголемата парламентарна партија.
Соња Николовска











