Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бочварски: Напуштањето на процесот на евроинтеграции е нешто што не смееше да се случи во првите 100 дена Влада

/

пред 759 дена

Сподели преку :

Новата влада од утре веќе не е нова – ја повлекува линијата на 100-те дена владеење.
Што покажуваат тие – реализација или не на предизборните ветувања.

Вечерва дебата со пратениците Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, Благој Бочварски од СДСМ, Ријад Шаќири од Вреди и Арбана Пашоли од Европски фронт.

„Сметам дека генерално граѓаните не се задоволни од првите 100 дена влада поради најголемиот проблем напуштањето на стратешките правци односно членството во ЕУ. Недозволиво е да се попречи напредокот кон европското семејство. А тој напредок не значи само декларативно станување земја членка на Европската унија, туку тоа значи и подобар живот на граѓаните и според мене ова е еден од клучните пропусти на оваа влада  и е нешто што без дискусија без некаква дебата, се сеќавате само пред неколку недели претставниците на владата беа во Брисел со некаков нов предлог за којшто веќе не се ни дискутира, што значи дека се напушта процесот на евроинтеграции што е нешто кое што не смееше да се случи во првите 100 дена“, рече Благој Бочварски од СДСМ.

„Ако во последните седум години до доаѓањето на власт на МРО – ДПМНЕ перманентно растеше просечната нето плата и се случи сега во овие први 100 дена да имаме првпат пад на просечната плата од 1.000 денари за што никој не може да биде виновен освен Владата која ветуваше а не испорача резултати“, рече Бочварски.

„Ако отидете во една нормална држава и кажат дека 500 милиони фалат во буџетот, сите коишто биле членови на влада истиот ден одите на интервјуа исклучиво во Јавно обвинителство, а не во Собранието или на било кое друго место да кажувате како треба, тоа прво“, рече Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Второ сакам да Ве прашам дали кога го потпишувавте тендерот за повеќе од 500 милиони евра знаевте дека пругата кон Бугарија завршува во слепа улица. 24 милиони евра чини километар пруга, а ова беше ваш ресор, го праша Пренџов поранешниот министер за транспорт Бочварски.

Гледајте Топ Тема со Тамара Грнчароска.