Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бојан Јовановски во операција со кодно име „Бумеранг“ – вели дека поседува над еден милион фајлови за „бомби“

/

пред 1334 дена

Сподели преку :

Правниот тим на Бојан Јовановски најави отпочнување на кривично-правна операција под кодно име „Бумеранг“. Ова доаѓа по одлуката на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази да формира предмет и да го додели на надлежен обвинител за сослушување на Јовановски кој е правосилно осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“.

„Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 милиони фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. „бомби” , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилно постапување по предметот, за што ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“, се наведува во соопштението на правниот тим на Јовановски.  Притоа се нагласува дека Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпоцнатиот процес со кодно име “Бумеранг”.