Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бојан Маричиќ е избран за претседател на старо-новиот состав на ДИК

/

пред 256 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија продолжува да работи со ист состав, но со нов претседател. За оваа функција, која ѝ припаѓа на најголемата опозициска партија, СДСМ го предложи, а Комисијата за избори и именувања го избра поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Актуелниот претседател, Борис Кондарко, ќе биде член на Комисијата.

Од СДСМ беа пријавени и екс-заменичката во Правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, Марија Митановска Димовска, дипломиран правник од Скопје и Даниела Маркоска, дипломиран правник од Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ ги задржа досегашните членови, Александар Даштевски, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов. Нема промени ниту кај ДУИ кои повторно ја предложија Дитмире Шеху, ниту, пак, кај Движење Беса, кои повторно ќе бидат претставени од Абдуш Демири,кој ќе биде и потпретседател на ДИК.

Ново-старите членови беа избрани едногласно, без забелешки и дискусија. Оваа комисија брои седум члена. За овие функции беа пријавени 16 кандидати, повеќето правници, но и инженер по електротехника и дефектолог.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.