Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бојкот на маркетите во Хрватска поради високите цени

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Хрватите денеска бојкотираат продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените.

Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата Ало инспекторе, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите, доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, од синдикати, политички партии, па и од министерот за економија.

Хрватските медиуми јавуваат дека во продавниците има повеќе продавачи отколку купувачи, и дека прометот е преполовен во однос на минатиот петок.

Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека тоа е важна и артикулирана порака на граѓаните.

Податоците покажуваат дека потрошувачките цени во Хрватска, во декември лани пораснале за 4,5%во споредба со истиот месец од претходната година, што е највисок раст од мај.

Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, по Романија 5,5%, и Унгарија со  4,8 %.

Министерот за економија, Анте Шушњар, ја поддржа иницијативата и истакна дека владата работи на проширување на списокот на производи со ограничени цени.

Во меѓувреме, и опозициските партии го поддржаа бојкотот, критикувајќи ја владата дека не презела ништо за да ја контролира инфлацијата.