Ова е политика која Трамп и Венс ги става на страната на Русите во овој конфликт, ова е катастрофа за американската национална безбедност, за Украина, за Европа и Западот како целина, рече поранешниот советник за национачна безбедност во првиот мандат на Трамп, Џон Болтон.
Одговорноста за тоа што го направија во Овалната соба е нивна, но последиците за САД во догледна иднина се ужасни. Мислам дека не само што постои опасност од распаѓање на НАТО алијансата, туку и секој сојуз кој го имаме ширум светот, жестоко критикуваше Болтон.
Нашите сојузници и пријатели ширум светот гледајќи ја оваа претстава во Овалната соба се прашуваат дали има барем една личност во оваа администрација која разбира кој е опасноста за сите слободни држави, продолжи Болтон.
Оваа жестока размена пред очите на целиот свет ги потхрани сомнежите дека ова карање на Зеленски било планирано од самиот почеток. Болтон не сакаше да шпекулира дали има вистина во тоа или не, но посочи дека како домаќин на состанокот Трамп требало да ја прекине кавгата и љубезно да порача дека тешките прашања, кои несомнено постојат, не треба да бидат разговарани пред камерите.
Трамп и Венс се одговорни за ова, тие го добија тоа што го сакаа од оваа средба. Ова е катастрофа за Америка а може да се претвори и во политичка катастрофа и за нив двајцата. Но, тие намерно го нарпавија тоа, може да прекинат во било кој момент, но не то направија тоа, категоричен беше Болтон.











