Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ продолжува

/

пред 424 дена

Сподели преку :

Борбата со големиот шумски пожар во ловиштето „Јасен“ продолжува и денес. Огнот во текот на ноќта се доближил до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето „Јасен“ до ресторанот на брегот на езерото Козјак.

Ангелов од ДЗС информира дека за среќа и благодарение на претходно расчистениот терен од вегетацијата, не било дозволено негово ширење. Тој посочи дека во акцијата ноќеска биле вклучени припадници на Единицата за брзо распоредување со пинцгауери, вработени во ловиштето „Јасен“, пожарникари од Скопје и Македонски Брод, како и тим на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со здружени сили не му дозволија на огнот да премине од другата страна на патот.

„Утрово започна и специфична и опасна операција за правење нов противпожарен појас на стрмниот гребен кој се спушта кон езерото, со цел огнот да биде целосно запрен. И покрај густиот чад, еден полициски и еден армиски хеликоптер веќе дејствуваат од рано утро“ а се очекува приклучување и на ер трактор од ДЗС штом се расчисти видливоста рече Ангелов.

Во моментов во државата се активни уште неколку пожари кои се безопасни, бидејќи гори трева и грмушки.