Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борел ќе се сретне со Курти и Вучиќ со цел смирување на тензиите

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Париз каде ќе разговара за намалување на тензиите меѓу двете земји. Средбите во Париз на маргините на Парискиот мировен форум ќе бидат прва физичка средба по последниот бран на ескалација меѓу Белград и Приштина.

„Главната цел на овие средби е да се продолжат напорите на ЕУ да им се помогне на двете страни да ги деескалираат и смират моменталните тензии, и конечно, да се постигне напредок во дијалогот со посредство на ЕУ. Значи таа е главната причина, тоа се обидуваме да го постигнеме веќе некое време, посебно откако изби последната ескалација меѓу Косово и Србија“, изјави Петер Стано, портпарол на Европската комисија (ЕК).

Тензиите меѓу Косово и Србија се засилија на почетокот на месецов, кога официјална Приштина почна да ја спроведува одлуката за пререгистрација на возилата од српски со косовски таблички, за Србите кои живеат на Косово. Тие не го прифаќаат тоа со објаснување дека Косово не ги исполнува обврските од Бриселскиот договор, со кој е предвидено да се формира и Заедница на српските општини, што до сега не е направено.

Европската унија претходно ги повика и Белград и Приштина да го почитуваат Бриселскиот договор и повтори дека Косово има јасна обврска да ја формира заедницата на српски општини.

Игор Трајков