Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борел во вторник во Њујорк со лидерите од Западен Балкан

/

пред 1140 дена

Сподели преку :

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел во вторник (19 септември) во Њујорк ќе одржи состанок со лидерите од Западен Балкан во рамки на традиционалниот собир на маргините на 78-то Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН), соопшти Европската служба за надворешни работи.

Планирано е Борел во Њујорк да учествува на повеќе мултилатерални настани на високо ниво, како и на билатерални состаноци.

Предвидено е заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел да ја претставуваат Европската унија на трилатералниот состанок со Африканската унија, по што ќе следува состанок и со генералниот секретар на ОН; Антонио Гутереш.