Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борут Пахор би сакал да биде специјален пратеник на ЕУ

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор на крајот од меѓународната конференција за Западен Балкан во ЕУ повтори дека сака да се кандидира за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во разговорот со медиумите тој предупреди дека преговорите се запрени, а како што тврди, без продолжување на дијалогот нема да може да се обезбеди сигурна иднина за Србија и Косово.

Пахор на дводневната конференција „Пријатели на Западниот Балкан“ најави дека оптимизмот во однос на проширувањето на ЕУ во регионот се намалува, пренесува РТВ Словенија.