Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британци ќе го проектираат медицинскиот факултет во Штип, градежните активности по доизградба на новата болница

/

пред 468 дена

Сподели преку :

Најатрактивниот факултет на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе се гради по најсовремени страндарди. Факултетот за медицински науки ќе се простира на околу 5.000 метри квадратни. Објектот ќе го проектират реномирани компании од Обединетото Кралство, а со градежни активности ќе се започне веднаш откако ќе заврши доизградбата на новата болница. Во зградата, освен амфитеатри и предавални за најсовремени симулации, ќе бидат сместени и неколку институти, кои ќе имат научно-образовна дејност.

Факултетот за медицински науки ќе се гради веднаш до штипската Клиничка болница, а во нивна близина ќе се гради и нов студентски дом, со капацитет до 200 легла.

„Основната информација е дека ќе има 200 легла. Ќе ги има сите потребни капацитети за комфор на студентите. Ќе има кантини, ресторани, паркинг, се што е потребно ќе биде вклучено во проектот“, изјави проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Студентите на Факултетот за медицински науки во моментов ги следат предавањата во неколку објекти на универзитетот. Инаку, објавен е конкурсот за уписи на 12-те факултети и трите академии, каде што годинава можат да се запишат над 2.000 студенти од земјава и од странство.

Викторија Јованова