Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британика ја тужи фирмата „OpenAI“ поради злоупотреба на нејзините содржини

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Енциклопедијата Британика и нејзината филијала Меријан-Вебстер ја тужи компанијата „OpenAI“ пред сојузниот суд на САД во Менхетн поради наводна злоупотреба на нејзините содржини за обука на моделите на вештачката интелигенција/

Во тужбата е наведено дека компанијата поддржана од „Мајкрософт“ користи онлајн статии на Британика за да го научи четботот „ChatGPT“ да одговара на прашања кои му се поставуваат од корисниците.

Британика тврди дека „ОpenAI“ илегално копира над 100.000 написи за обука на моделите на „ChatGPT“. Во тужбата се дополнително се наведува дека овој четбот произведува копии од записите во енциклопедијата Британика и на тој начин ги пренасочува корисниците, кои првично би требало да ги посетат нивните веб-страни.

Компаниите за вештачка интелигенција тврдат дека нивните системи чесно го користат материјалот заштитен со авторски права со тоа што го трансформираат во нешто ново.

Т.Д.