Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британската Кралска круна- тежина на моќта

/

пред 1497 дена

Сподели преку :

Британската Кралска државна круна на ковчегот на кралицата Елизабета Втора е моќен симбол на кралското богатство, величественост и суверенитет.

Инсигнијата положена на виолетово перниче, е украсена со 2.686 дијаманти, 269 бисери, 17 сафири и 11 смарагди кои блескаат додека ковчегот патува од Бакингемската палата до Големата сала во Вестминстерската опатија, каде што лежи на покренат столб. Ковчегот е придружуван од војници во црвени свечени униформи.

Круната е нарачана за крунисувањето на таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести во 1937 година, а таа ја носеше и на сопственото крунисување во 1953, кога и беше овековечена во познатиот портрет.

Има и друга кралска круна, позната како Свети Едвард, направена 1661 година од чисто злато, за крунисувањето на кралот Чарлс Втори.

И двете круни тежеле многу што кралицата иронично има кажано дека ако погледнете надолу додека ја носите круната може да ви се скине вратот.Поради големата тежина таа престана да ја носи круната кога наполни 90 години.

Круната се носи и за време на годишната церемонија по повод почетокот на работата на Парламентот, а се чува со друг скапоцен накит во познатата Kула на Лондон.

https://telma.idesign.mk/2022/09/14/ekskluzivno-poslednite-bitki-na-kralicata-elizabeta-vtora-ponedelnik-1915/