Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британската медицинската сестра доби доживотен затвор за убиство на седум бебиња

/

пред 1168 дена

Сподели преку :

Медицинската сестра Луси Летби, која уби седум бебиња, денеска во судот во Манчестер е осудена на доживотен затвор. Таа е само трета жена во Велика Британија на која и е досудена таква казна.

Поранешната неонатална сестра, која е најголем масовен убиец во модерното доба на Велика Британија, е осудена и за обид за убиство на уште шест новороденчиња во болница во Честер.

Летби е виновна за убиство на пет момчиња и две девојчиња, како и за напад врз други новороденчиња, во болница во Честер додекја работела ноќни смени од јуни во 2015 година до јуни во 2016 година. Некои од жртвите ги труела со вбризгување на инсулин, а во други вбризгувала воздух или насила ги хранела со млеко.