Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британското разузнавање објави нов извештај за војната

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина. Тие пишуваат дека руските сили напредуваат кон Краматорск.

„Високото ниво на воздушна активност на Русија продолжува додека се обидува да обезбеди блиска воздушна поддршка за нејзината офанзива во источна Украина и да ги потисне и уништи капацитетите за воздушна одбрана на Украина“, објави Министерството на Твитер.

„Русија веројатно сака да покаже значителен успех пред годишните прослави на Денот на победата на 9 мај. Ова може да влијае на тоа колку брзо и енергично се обидува да спроведе операции пред овој датум“, се додава во твитот.

Во Русија, Денот на победата е празник кој го одбележува предавањето на нацистичка Германија во Втората светска војна.