Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Брнабиќ: Со ненајвената посета претставниците на Европскиот парламент покажаа непочитување кон Србија

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека претставниците на Европскиот парламент, со тоа што не ја информирале за нивното пристигнување навреме и без да се консултираат за датумот, покажале елементарно непочитување кон српскиот Парламент, српските институции, народот и државата.

На денешната седница на српскиот Парламент, Брнабиќ, одговарајќи на критиките од опозицијата затоа што не сака да се сретне со европратениците, објасни дека претставниците на ЕП ја информирале на 19 декември дека доаѓаат непоканети на 23 јануари.

-Основно почитување би било, ако веќе доаѓаат непоканети, да се консултираат барем за датумот, но некој да ви каже – Еј, доаѓам за еден месец, нацртај се таму, не ме интересира што правиш, не ме интересира дали имаш обврски, но ти, бидејќи јас сум над тебе, ќе бидеш таму и ќе чекаш да разговарам, па, тоа е крајно непочитување, рече Брнабиќ за време на дискусијата за сет законски решенија во областа на правосудството.

Таа истакна дека Србија ја водат сериозни и одговорни луѓе кои имаат однапред договорени обврски и се борат за својата земја, а дека опозицијата го искористила тоа за да се пожали кај европратениците и да им каже дека дефинитивно ќе ги примат, бидејќи немаат никакви обврски.