Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на дијабетичари се зголемува, а терапија нема

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Светскиот ден на дијабетисот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија и немање термин за преглед. Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Бројката на деца заболени со дијабет тип еден постојано се зголемува. Од сојузот велат дека причината за тоа е што не се оди навремено на преглед. Децата со дијабетес во земјава сè уште немаат сензори што безболно ќе ја мерат гликемијата. Се чека од надлежните институции да го решат тој проблем, а се дотогаш родителите се принудени да плаќаат по 1.500 евра годишно.

Дијабетесот е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста. Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2.

Тамара Марковска